Дома Трансфер зона Арсенал и навивачите различно гледаат: Луиз го продолжил договорот

Арсенал и навивачите различно гледаат: Луиз го продолжил договорот

Давид Луиз го продолжил својот договор со Арсенал до крајот на наредната натпреварувачка сезона, пренесуваат најпознатите британски медиуми.

Во Арсенал одлучија да ја активираат клазулата според која претходниот договор на Луиз автоматски се продолжува за уште една сезона, па Бразилецот го ставил својот потпис.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ова веројатно нема премногу да им се допадне на навивачите кои го на големо го критикуваат Луиз, посебно после катастрофалниот настап против Манчестер Сити. Сепак, Микел Артета одлучи да го заржи.

Треба да се спомене и дека Луиз е помеѓу најплатените во Арсенал и се очекува поради новонастаната ситуација да замине, но тоа не се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…