Новата шведска ѕвезда Александер Исак блеска во дресот на Реал Сосиедад и го привлече вниманието на многу европски гиганти.




Исак важи за еден од најголемите светски таленти и експертите му предвидуваат богата кариера.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Најсилен интерес за 22-годишниот голгетер покажуваат Арсенал и Ливерпул, кои ќе се борат за неговиот потпис на лето.




Арсенал е во потрага по голгетер по заминувањето на Обамејанг и прва трансфер цел на лето ќе биде токму Исак.
Клоп исто така е голем симпатизер на играта на Исак и верува дека би бил идеален наследник на Фирмињо, кој може да го напушти „Енфилд“ на лето.




Исак има откупна клаузула од 70 милиони евра, но Реал Сосиедад е спремен да го пушти за понуда од 40 милиони евра.