Дома Трансфер зона Арсенал и Ливерпул во битка за ѕвездата на Лион!

Арсенал и Ливерпул во битка за ѕвездата на Лион!

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал и Ливерпил на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лион и француски репрезентативец, Александре Лаказет.

„Топџиите“ веќе се помирија со фактот дека на лето ќе го загубат Алексис Санчез, кој најави заминување, па Лаказет е прв избор за негов наследник.


Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓


Арсенал и минатото лето се обиде да го донесе францускиот репрезентативец, но понудата од 35 милиони фунти експресно беше одбиена од страна на Лион.

Меѓутоа сега и самиот Лаказет призна дека ја игра последната сезона во Лион. Тој оваа сезона блеска и веќе има постигнато 25 гола, но проблем за „топџиите“ е што за него интерес покажуваат уште Атлетико Мадрид и Ливерпул.

Јирген Клоп во него гледа идеална замена за Даниел Стариџ, па сигурно двата клуба ќе водат голема битка за неговиот потпис, а цената на трансферот може да достигне и до 55 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Изненадување: Србинот Митровиќ може да се врати во Премиер лигата?!

Често пати во изминатиот период се појавуваа шпекулации поврзани со името на Александар Ми…