Дома Трансфер зона Арсенал доби фантастична понуда, но не за Алексис Санчез!

Арсенал доби фантастична понуда, но не за Алексис Санчез!

Напаѓачот кој во изминатата сезона беше во втор план би можел да го промени клубот, но не и градот.

Фудбалскиот клуб Вест Хем е сериозно заинтересиран во своите редови да го доведе Оливие Жиру и на адреса на „Топџиите“ ќе испрати понуда вредна 25 милиони евра. Како што потврди порталот „Goal.com“, Славен Билиќ исклучително го цени 30 годишниот напаѓач  го посакува во својот тим.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Овој извор исто така тврди дека Вест Хем веќе му понудил на Французинот неделна плата од 100.000 фунти за наредните четири сезони, што исто така е одлична понуда.

Жиру во изминатата сезона само на четири натпревари беше стартер во Премие лигата и во главно седеше на клупата, но и покрај тоа постигна 12 погодоци.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…