Египетскиот репрезентативец Мохамед Елнени официјално го напушти Арсенал.
Унаи Емери неодамна изјави дека не смета на Елнени оваа сезона и дека Египќанецот подобро да побара нов клуб. Арсенал преговараше со неколку клубови, а на крајот ја прифатија понудата на Бешикташ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Топчиите“ денеска потврдија дека Елнени го напушти клубот и дека до крајот на оваа сезона ќе игра на позајмица во Бешикташ. Турскиот клуб ќе има прилика да го откупи неговиот договор следното лето. Елнени во Арсенал пристигна летото 2016. година од Басел и одигра 89 натпревари во сите натпреварувања во дресот на лондонскиот клуб.