Дома Трансфер зона Арсенал го договори првото засилување

Арсенал го договори првото засилување

Според медиумите од Островот, Левин Курзава од ПСЖ треба да биде првото засилување на Арсенал за новата сезона.

Артета не е задоволен од Колошинац на левата бековска позиција и смета дека Куразава ќе биде идеално засилување.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


27-годишниот Курзава ќе биде слободен агент на крајот на сезоната и сега има право да преговара со заинтересираните клубови. Француските медиуми тврдат дека постигнал комплетен договор со „топџиите“.

Курзава оваа сезона одигра 23 меча за ПСЖ на кои постигна 1 гол и запиша 2 асистенции, а на „Емирати“ ќе пристигне без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…