Играчот на Челси, Вилијан наскоро ќе стане слободен играч. Лондонскиот тим му понуди нов договор, но тој го одби и се чини дека се ближи крајот на седумгодишната авантура на Стемфорд Бриџ.
Вилијан беше јасен во своите барања, а јасен беше и Челси во своите ставови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот сакаше подолг договор, но максимално што Челси можеше да му понуди е двегодишен договор. Едноставно, Сините не сакаат на играчи кои за неколку дена ќе наполнат 32 години да им даде долготраен договор.
Меѓутоа, има клубови кои тоа ќе го направат.
Вилијан во минатото се поврзуваше со Барселона, а неодамна имаше интерес од Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Но, сега на сцена е Арсенал.
Франс Фудбал пишува дека Арсенал е во пол позиција за потписот на Вилијан бидејќи веќе му испратил најприфатлива понуда.
Освен што Арсенал е подготвен да му даде долгорочен договор, подготвен е и да му даде опција за продолжување на уште една година.