Легендарниот тренер на Милан, Ариго Саки во интервју за „Газета дело Спорт“ истакна дека е импресиониран од начинот на кој играат „росонерите“.
Саки смета дека Милан е балансиран тим кој може да го освои Скудетото, а покрај Ибрахимовиќ го посочи Кјаер како еден од клучните фудбалери за добрите резултати.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Милан повеќе не е изненадување, веќе неколку месеци се најдобар тим во лигата. Играат најдобар фудбал, а голема заслуга за тоа има Пиоли, кој покажа дека е модерен тренер. Создаде компактен тим кој игра пресинг и добар фудбал, се гледа дека има хармонија во соблекувалната. Добрите резултати не се случајност, Милан има се за да се бори за Скудетото“, изјави Саки.
„Ибрахимовиќ е феномен и е најважен играч во тимот, но Милан е тим кој прима малку голови. Ако го тргнеме натпреварот против Рома, Донарума на останатите натпревари прими само два гола. Најголема заслуга за тоа има балансот на тимот, но и Симон Кјаер, кој моментално е најдобар дефанзивец во Серија А“, смета Ариго Саки.