Дома Фудбал Репрезентации Арда Туран официјално стави точка на репрезентативната кариера

Арда Туран официјално стави точка на репрезентативната кариера

Најголемата ѕвезда на турскиот фудбал, во овој момент, Арда Туран објави крај на репрезентативната кариера. Последен меч кој го одигра за националниот тим беше синоќешниот против Македонија во Скопје.

Турција, во понеделникот гостуваше во Скопје во пријателски натпревар кој заврши 0:0, а Туран како капитен ја предводеше својата репрезентација 60-тина минути.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Потоа во авионот Туран предизвикал сериозен инцидент, кога најпрвин вербално навредил новинар, а потоа се обидел и физички да се пресмета со него.

Националниот сојуз поради инцидентот реши да го исфрли капитенот од репрезентацијата, а потоа тој објави крај на кариерата во националниот тим.

„Ја напуштам репрезентацијата, нема повеќе да играм за Турција. Тажно е, но нема да жалам поради одлуката. Играв за Турција во сите возрасни категории. Ја сакам својата држава, своето знаме и репрезентацијата. Многу пати се жертвував, но сега е готово“, рекол Арда Туран.

Ововј фудбалер за Турција настапил на 96 натпревари, на кои постигнал 17 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барселона го „блиндира“ Педри

Барселона сака што поскоро да го продолжи договорот на Педри и со тоа да одговори на интер…