Дома Фудбал Останато Аргентински фудбалер призна: 16 години на Меси му должам 50 долари

Аргентински фудбалер призна: 16 години на Меси му должам 50 долари

Лионел Меси стана рекордер во репрезентацијата на Аргентина со 148 настапи, а за националниот тим дебитираше уште во 2005 година.

Веќе со години Меси е главен играч во репрезентацијата, но за жал му недостасуваа поголеми трофеи во аргентинскиот дрес за да ја круниса својата голема кариера.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Аргентинеците се потестија на почетоците на Меси во репрезентацијата, а во центарот на вниманието се најде Пабло Алварадо.

Алварадо неколку пати доби повик во репрезентацијата, но никогаш не дебитираше. Сепак, имаше прилика да го види Меси одблиску и да биде во иста екипа со него. Денес тој призна дека му должи 50 долари на Меси кои требало да му ги даде пред 16 години.

Тој објасни дека во минатото играчите добивале 50 долари за пријателските натпревари на Аргентина во странство, а тој добил обврска да му ги даде 50-те долари кои му следувале на Меси.

„Тогаш добив 100 долари и нема 50 ситно за да му ги дадам. Никогаш не му ги дадов тие 50 долари затоа што не се сретнавме повеќе. Ако добијам прилика да се сретнам ќе му ги дадам парите кои му ги должам“, изјави Алварадо.

Алварадо во кариерата играше за Сан Лоренцо, Белграно, Расинг, Годој Круз, Индепендиенте…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алкараз поразен во финалето во Барселона, го изгуби и второто место на АТП

Холгер Руне, дански тенисер, го освои АТП турнирот во Барселона. Во финалната пресметка по…