Дома Трансфер зона Аргентински новинар тврди: Ибрахимовиќ сака да го игра најстраственото дерби во светот!

Аргентински новинар тврди: Ибрахимовиќ сака да го игра најстраственото дерби во светот!

Златан Ибрахимовиќ веќе 15-тина години е помеѓу најдобрите светски напаѓачи и во овој момент со голем успех го носи дресот на ЛА Галакси.

Без оглед што наскоро ќе наполни 38 години Ибрахимовиќ се уште игра во одлична форма и редовно постигнува голови.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


На Швеѓанецот договорот со ЛА Галакси му истекува на крајот на оваа сезона и според информациите изразил желба за промена на средината.

Познатиот аргентински новинар Луис Фрегоси објави дека Ибрахимовиќ го известил Раиола дека сака барем една сезона да помине играјќи за Бока Јуниорс.

Ибрахимовиќ би сакал да се проба во најстраственото дерби во светот помеѓу Бока и Ривер, а дополнително го привлекува тоа што ќе игра заедно со Даниеле Де Роси кој од оваа сезона настапува за аргентинскиот гигант.

Дека годините за Ибра не се проблем покажува статистичкиот податок кој се појави неодамна. Имено, Ибра до пред да наполни 30 години постигнал 232 голови, додека откако влегол во четвртата деценија од животот постигнал 300 голови.

Во својата кариера Швеѓанецот играше во миланското дерби, манчестерското дерби, дерби средби во Холандија, како и шпанското „Ел Класико“ поради тоа и не е изненадување ако навистина сака да ја почуствува атмосферата на „Ел Монументал“ и „Ла Бонбоњера“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер повторно се засилува за нула евра

 Интер тргнува по дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваат италијанските медиу…