Дома Фудбал Репрезентации Аргентина не победи, па Меси критикуваше: Теренот беше ужасен, топката застануваше!

Аргентина не победи, па Меси критикуваше: Теренот беше ужасен, топката застануваше!

Репрезентацијата на Аргентина одигра 1:1 против Венецуела во рамките од 9. коло од квалификациите за Мундијалот во 2026.

Меси имаше критики за соиграчите, но ги критикуваше и организаторите на средбата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Не успеавме да врземе две додавања во низа. Топката застануваше од водата на теренот. Тешко е да се игра во вакви услови“, изјави Меси.

Аргентина до водство дојде со голот на Николас Отаменди во 13. минута, а изедначи Саломон Рондон во 65. минута.

Сепак и покрај ремито Аргентинците останаа лидер на табелата со 19 бода, три повеќе од Колумбија која во ова коло претрпе пораз од Боливија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Јувентус плаќа 41 милион евра на тројца тренери

Колку е далеку Јувентус од некогашниот сјај, најдобро покажуваат деловните потези при селе…