Дома Видео Аргентина едноставно не може да победи

Аргентина едноставно не може да победи

Фудбалската репрезентација на Аргентина не успеа да го победи ниту вториот натпревар на Копа Америка.

Во возбудлив натпревар Гаучосите одиграа нерешено со Парагвај (1:1) и така во последното коло против Катар мора да победат ако сакаат да одат понатаму.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Прв до погодок во овој натпревар стигна селегцијата на Парагвај. Се играше 37. минута кога фантастичната акција на Алмирон ја завршува Ричард Санчез за 0:1.

На полувреме се замина со водство на Парагвај, а од самиот старт на вториот дел селекторот на Аргентина го внесе Агуеро, па оваа репрезентација заигра со тројца напаѓачи (Меси, Лаутаро, Агуеро).

Во 57. минута погоди Меси. Досуден беше пенал после играње со рака, а првата ѕвезда на Аргентина погодува за 1:1.

Само пет минути подоцна нов пенал, овој пат за Парагвај. Гонзалез ја превзема одговорноста, но Армани одлично брани и резултатот на семафорот остана 1:1.

Тоа на крајот беше и конечен резултат на натпревар, а Аргентина го освои својот прв бод. Гаучосите мора да го победат Катар доколку сакаат да одат понатаму.

Во оваа група Колумбија го осигура првото место со победата над Катар со 1:0.

Единствениот погодок го постигна Дуван Запата во 86 минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Светло нa крajот oд тyнeлот: Фати доби понуда која може да ја спаси неговата кариера

Ансу Фати е еден од првите играчи на кои тренерот Ханси Фати им покажа дека можат да ја на…