Дома Фудбал Апсења во Шпанија поради местење натпревари

Апсења во Шпанија поради местење натпревари

Шпанската полиција вршејќи истрага за можен наместен натпревар помеѓу Гетафе и Вилјареал од последното коло на шпанската Примера од минатата сезона, стигна до големи докази во случајот „Оикос“.

Според медиумите на Пиринеите, во координирана акција на полицијата и Обвинителството приведени се неколку лица, поранешни фудбалери и функционери, кои се осомничени дека учествувале во режија на најмалку три натпревари од највисокиот ранг и втората лига.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Врз основа на прислушуваните разговори, полицијата и обвинителството откриле дека на седум играчи на Виљареал им биле понудени 1,8 милион евра за да го загубат последниот натпревар во сезоната 2018/19 од Гетафе, чиј напаѓач Хорхе Молина, како што е утврдено, бил запознаен со исплатата.

Средбата која Гетафе требаше да ја добие заврши 2-2. Вилјареал изедначи во 87-та минута, но откако веќе се знаеше дека Валенсија води со 2-0 против Валјадолид, па победата не му беше потребна на мадридскиот тим. Валенсија го освои четвртото место и отиде во ЛШ, а за Гетафе остана утехата Лигата на Европа.

Уште еден меч за кој е потврдено дека е под истрага е и победата од 1:0 на Химнастик против Хуеска во рамките на Сегунда во сезоната 2017/18, кога Хуеска веќе обезбеди пласман во највисокиот ранг на натпреварување.

Меѓу осомничените е и поранешниот репрезентативец на Шпанија и поранешен играч на Реал Мадрид, Раул Браво, заедно со него и Борја Фернандез, чиј последен натпревар во неговата кариера беше токму еден од оние што се предмет на истрагата, Валенсија – Ваљадолид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…