Реал Мадрид е силно заинтересиран за играчот на Њукасл и бразилски репрезентативец, Бруно Гимараеш.
24-годишниот играч за врска игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Њукасл ја победи конкуренцијата и во јануари за 50 милиони евра го доведе во своите редови, а Бразилецот продолжи со одличните партии во Премиер лигата.
Реал спрема реконструкција на средниот ред за следната сезона, па Гимараеш ќе биде една од примарните трансфер цели.
Анчелоти смета дека Бразилецот може да биде алтернатива како за Каземиро така и за Крос, па сака да го доведе на „Сантиаго Бернабеу“.
Секако, нема да биде лесно да го убедат Њукасл да го пушти бидејќи клубот има големи финансиски ресурси, но „кралевите“ наскоро ќе стапат во контакт со неговиот агент