Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти сака во зимскиот преоден рок да ја засили одбраната.
Дефанзивната линија е најслабата точка на „кралевите“ од почетокот на сезоната, па Анчелоти сака да донесе квалитетен стопер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Медиумите пренесуваат дека прв на листата жеби е дефанзивецот на Виљареал и шпански репрезентативец, Пау Торес.
Торес се етаблираше во еден од најперспективните дефанзивци во Европа и е стандарден шпански репрезентативец.
Раководството на „кралевите“ веќе стапило во контакт со агентот на дефанзивецот и спрема понуда, но Виљареал не сака да ја пушти својата ѕвезда на средина од сезоната и многу поверојатно дека трансферот ќе се реализира на лето.