Дома Фудбал Анчелоти ја сака Златната топка за Крос, а Марка вели: Дајте му Нобелова!

Анчелоти ја сака Златната топка за Крос, а Марка вели: Дајте му Нобелова!

ТОНИ КРОС (34) е во нешто слична позиција како Лука Модриќ. Тој е генијалец, уникатен фудбалер и легенда на Реал, со кој освои се.

Но, тој е на крајот од договорот и во години кои, барем на хартија, не се најдобри. Секако, Крос е четири години помлад од Модриќ и во клубот е две години помалку од него. Сепак, како и Модриќ, договорот со Реал му завршува за месец и половина, а се уште не му е понуден нов.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Kрос синоќа настапи и против Алавес во победата на Реал од 5:0, а на графиката се гледа што направи за само 72 минути. По феноменалниот настап му се поклонија тренерот и најследените шпански спортски медиуми.

Карло Анчелоти на прашањето дали Крос треба да ја освои Златната топка одговори вака: „Да, и јас би сакал, но нема да се случи. Но… Се е можно. Ако ја освои Лигата на шампионите со Реал а потоа и ЕП со Германија, тој може да се бори за Златната топка“.

Марка има статија под наслов „Измисли Нобелова награда за фудбал и дај му ја на Тони Крос!“, која гласи: „Бидејќи никогаш нема да му биде доделена Златната топка, треба да се измисли Нобеловата награда за фудбал и да му се додели на Тони Крос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милевски откри од кои фудбалери очекувал повеќе денеска

Македонската фудбалска репрезентација денеска одигра само реми против Фарски Острови (1:1)…