Денес името на Елиф Елмас многу се споменува во турските медиуми, а причина за тоа е изјавата на Анчелоти за македонскиот фудбалер.
Анчелоти беше еден од иницијаторите (барем така е познато во медиумите) Наполи во летниот преоден рок од Фенербахче да го купи Елмас. Елмас кај Анчелоти на неколку натпревари беше стартер, но ако не беше во првите 11 тогаш скоро секогаш влегуваше од клупата за резерви. Кај Гатузо ситуацијата е поинаква Елмас скоро и да не доби шанса да се покаже во Серија А, додека во купот одигра еден цел натпревар.
Eski Napoli Teknik Direktörü Ancelotti: “Mesela Eljif Elmas’ı neden transfer ettik ben de anlamamıştım” pic.twitter.com/bATdZSWOib
— ALİ PUL (@alipul1) January 20, 2020
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусниот стратег зборуваше за ситуацијата во клубот, а во еден дел и Елмас беше тема на разговорот.
„Eлмас е одличен фудбалер. Меѓутоа мене се уште не ми е јасно зошто го купивме“.
Инаку, претходно се пишуваше дека Елмас во овој преоден рок би можел да оди на позајмица, сепак засега таа опција е малку веројатна.