Дома Фудбал Анчелоти соопшти одлична вест: Милитао експресно се опоравил!

Анчелоти соопшти одлична вест: Милитао експресно се опоравил!

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти денеска изјави дека бразилскиот дефанзивец Едер Милитао се опоравил од тешката повреда на коленото и би требало да заигра на натпреварот против Атлетик Билбао.

“Можеби ќе настапи утре и тоа е најважната вест. Тренираше добро, се уште не 100% спремен бидејќи не одиграл на натпревар, но можеме да сметаме на него”, изјави Анчелоти на прес-конференцијата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Милитао ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено во август и се очекуваше да паузира една година, односно да се врати пред почетокот на наредната сезона, меѓутоа Бразилецот се опорави многу порано од предвиденото. Ова е добра вест и за Бразил бидејќи тој ќе биде во комбинација за настап за репрезентацијата на Бразил на Копа Америка.

Анчелоти не ја отфрли можноста Милитао да биде во стартниот состав на првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити, дури и ако на Бразилецот му „фали малку фудбал во нозете“.

Натпреварот против Билбао, Реал Мадрид го игра утре од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салах го трча последниот круг со Ливерпул

Последната сезона на Мохамед Салах во дресот на Ливерпул влегува во клучен период, а негов…