Дома Фудбал Анчелоти: После Реал заминувам во пензија

Анчелоти: После Реал заминувам во пензија

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, најави дека тренерската кариера ќе ја заврши на клупата на „кралскиот“ клуб.

Италијанецот во последната година повеќе пати се поврзуваше со потенцијално заминување од Реал Мадрид,  но потпиша нов договор.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Мојата кариера ќе заврши во Реал Мадрид, но пред да се случи тоа сакам да освојам еден трофеј во Лигата на шампионите. Јас сум „мадридист“, се идентификувам со клубот и навистина сака да ги израдувам сите навивачи и членови на Реал Мадрид“, изјави Анчелоти.

Анчелоти е рекордер по бројот на трофеи во Лигата на шампионите, има вкупно четири,  а всабота ќе игра уште едно финале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим може изненадувачки да го напушти Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим може да добие целосно неочекувана шанса да го…