Наполи во последните сезони беше еден од најголемите ривали во борбата за Скудетото, но „старата дама“ секогаш се радуваше на крајот, Анечлоти смета деја Јувентус се уште е преголем „залак“ за неговиот тим.
Во последните три сезони Наполи завршуваше на втората и третата позиција. Оваа сезона после 17 одиграни кола тие се втропласирани со осум бодови заостанување зад бранителот на тронот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Секој мора да се мотивира самостојно. Не во односот на другите, туку во однос на себе. Ако сакате да бидете како Лео Меси тогаш вашиот пат треба да е одреден со генетика. Но, можете секојдневно да тренирате за да бидете подобри. Исто е и со екипите. Ако кажам дека сме посветени на победување на Јувентус, тоа е цел која е предалеку. Тука сме да победуваме и да се бориме до крајот на сезоната“, изјави искусниот стратег.
Вторпласираниот Наполи утре го очекува дерби средбата против Интер во рамките од 18-тото коло од Серија А.