Карло Анчелоти вчера го доби признанието „Јохан Кројф“ за најдобар тренер во светот на церемонијата во Париз, но како и целата делегација на Реал Мадрид тој не се појави во Париз бидејќи „кралевите“ го бојкотираа настанот.
По добиената награда Анчелоти се огласи на социјалните мрежи заблагодарувајќи се на фудбалерите кои според него биле најважни за Реал во минатата сезона, претседателот и семејството, но не и на УЕФА или „Франс Фудбал“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Сакам да се заблагодарам на моето семејство, претседателот на мојот клуб, фудбалерите, но најмногу на Вини и Карвахал“, порача Анчелоти.
Престижното признание Анчелоти го доби во конкуренција на Де Ла Фуенте, Гасперини, Гвардиола, Чаби Алонсо и Лионел Скалони.