Денешната ждрепка за 1/4 финалето во Лигата на Шампионите ги спои двата најголеми фаворити Манчестер Сити и Реал Мадрид.
„Граѓаните“ минатата година стигнаа до европскиот трон откако го елиминираа Реал, а тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти повторно му ја препушти фаворитската улога на премиерлигашот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Можеби ќе ми се смеат поради ова, но тоа е реалноста. Сити е фаворит во оваа средба затоа што го освоија натпреварувањето минатата година, меѓутоа и ние имаме самодоверба да направиме добар резултат. Ако сакаш да дојдеш до пехарот во ова натпреварување тогаш мора да биде подобар од Сити. Не е важно тоа што реваншот се игра во Манчестер. Кај нас преовладува оптимизам, тоа ќе биде одлинчно четвртфинале“, истакна Анчелоти.