Дома Трансфер зона Анчелоти даде зелено светло, Реал тргнува по Ван де Бек

Анчелоти даде зелено светло, Реал тргнува по Ван де Бек

Играчот на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек е уморен да чека шанса да стигне до првиот тим на „црвените ѓаволи“.

24-годишниот Холанѓанец веќе започнал да бара нов клуб, а неговиот агент го понудил на Реал Мадрид, пренесуваат холандските медиуми.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Холанѓанецот му дал насоки на својот агент да му договори трансфер во Реал Мадрид. „Кралевите“ во минатото покажуваа интерес за Ван де Бек, а сега Карло Анчелоти дал „зелено светло“ за трансферот.

Се очекува наскоро двата клуба да седнат на преговарачка маса, а Манчестер Јунајтед е спремен да го пушти Холанѓанецот на позајмица со право на откуп.

Меѓутоа, конкуренцијата во средниот ред на „кралевите“ е голема, особено после доаѓањето на Камавинга, па Реал ќе треба прво да се ослободи од Иско и Себаљос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …