Тимот на Евертон после цели 12 години успеа да слави на гостувањето кај Тотенхем и со победа ја отвори новата сезона во Премиер лигата.
Тимот на Анчелоти заслужено славеше на гости кај Мурињо, кој сигурно ќе има замерки на играта на своите фудбалери.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Во првото полувреме гледавме израмнета игра, со спорадични шанси на двете страни. Тимот на Мурињо делуваше безидејно, а тоа „карамелите“ знаеа да го казнат во вториот дел.
Доминик Калверт Левин во 55-та минута му донесе водство на Евертон, кој потоа имаше уште неколку шанси за да слави убедлива победа.
Во тимот на Анчелоти дебитираа Хамес Родригез и Алан, а бразилецот беше еден од најдобрите на теренот.