Реал Мадрид вчера без поголеми проблеми славеше против Гетафе, меѓутоа по средбата тренерот Карло Анчелоти доби вести кои сигурно не му се допаднаа и тоа пред градското дерби против Атлетико Мадрид.
По првото полувреме Анчелоти го остави на клупата Антонио Рудигер кој ќе паузира неколку недели, Чуамени доби жолт картон и ќе биде суспендиран, па така Реал е во проблеми пред дуелот со градскиот ривал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Анчелоти остана без штопери. Чуамени не е стопер, меѓутоа таму принудно игра поради повредите на други фудбалери, меѓутоа сега и тој нема да му биде на располагање. Во ваква ситуација како стопер против Атлетико се очекува да заигра Менди кој ќе треба да се адаптира на новата позиција.
Менди како централен дефанзивец принудно играше на два натпревари во сезоната 2020/2021 кога на клупата на Реал седеше Зидан. Интересно е што Реал на тие два натпревари не прими гол, а Менди дури и постигна гол.