Бразилскиот фудбалер Антони (24) е еден од најголемите неуспеси во историјата на Манчестер Јунајтед.
Во август 2022 година Јунајтед го донесе од Ајакс за 95 милиони евра, а досега на 80 натпревари постигна 11 гола и имаше пет асистенции. Не се покажа како засилување, а не се истакна баш и со своето однесување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бразилскиот Глобоспорт пишува дека Антони го нарекол својот тренер Ерик тен Хаг ќелава јајцеглава во групен разговор на сите играчи на Манчестер Јунајтед. Неименуван играч му ја покажал пораката на холандскиот селектор и сега бразилскиот напаѓач се соочува со суспензија.
Антони веќе некое време е на мета на навивачите. Откако Јунајтед тесно го исфрли второлигашот Ковентри на пенали во полуфиналето на ФА Купот, Антони жестоко славеше и го исмејуваше поразениот тим. Навивачите на Јунајтед, но и многу други, жестоко го нападнаа за таквото однесување.
Јунајтед синоќа беше тешко поразен со 4:0 од Кристал Палас во 36. коло од Премиер лигата и моментално е осмиот тим на првенствената табела.