Првиот човек на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ учествуваше во помагање на српски семејства од Косово.
Антиќ заедно со неговиот поранешен соиграч од Црвена Звезда Марко Кешељ ги предаде клучевите од куќата на десетлченото семејство. Покрај нив двајца вклучен бил и градоначалникот на центар Саша Богдановиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За оваа хуманитарна акција Антиќ објави и фотографија на неговиот Инстаграм профил.
„Задоволство и чест е заедно со Богдановиќ да се помогне на ова семејство. Сите заедно треба да им помагаме на луѓето на кои таа помош им е потребна. Приклучете се на движењето Срби за Србите и Марко Кешељ правете големи работи. Ова може да биде и инсипирација за некои поважни работи во нашата убава Македонија“, напиша Антиќ на социјалните мрежи.