Првиот човек на македонската кошарка, Перо Антиќ за српските медиуми го кажа своето мислење за актуелното Европско првенство и ја издвои Србија како негов фаворит за златото.
Антиќ очекува Србија да се најде високо на пиедесталот, а негова желба е да стигнат до златото.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мило ми е што сите балкански земји се во силни состави и прикажуваат одлични настапи. Сакам Србија да го освои златото, имаат навистина квалитетна екипа, но тука се Словенија и Грција. Литванија игра добро и очекувам интересно првенство“.
Франција пред почетокот на првенството важеше за една од фаворитите, но на Антиќ не му се допаѓа нивната игра.
„Нив јас би ги оставил на страна, не ми се допаѓа как оиграат, како да го преземале американскиот менталитет. Имаат квалитетни играчи, меѓутоа тимската игра и хемијата се тоа со што се добиваат натпреварите, а не поединците. Хрватска има добар состав и квалитет, но резултати нема, значи нешто недостасува“, изјави Антиќ.
Со Македонија Антиќ играше на три европски првенства во Полска 2009, Литванија 2011 и Словенија 2013.