Иако трансфер периодот во остатокот од Европа заврши, турските клубови имаат уште осум дена во кои можат да доведуваат засилувања.
Екипата на Анталиспор за која веќе настапуваат големи имиња како Самир Насри, Самуел Ето и Жереми Менез ви можела да го доведе и фудбалерот на Рома Вилијам Ванкер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ванкер беше фудбалер кој пред две години еуфорично беше дочекан во Рим, каде што пристигна од Динамо Москва на инсистирање на тогашниот тренер на Рома, Руди Гарсија. Ванкер изгледа е миленик на Гарсија, па Французинот минатото лето го доведе на позајмица во Олимпик Марсеј, но ова лето не можеше да му обезбеди потпишување на договор со францускиот клуб.
Поради тоа Ванкер ќе се обиде да ја „спаси“ кариерата во Турција. Деталите за трансферот не се познати, но јасно е дека во Рома повеќе не сакаат позајмици туку целосна продажба бидејќи договорот на Ванкер со италијанскиот гигант истекува наредното лето.