Tимот на Монако поминува низ една од најголемите кризи во својата историја и вчера се забележа дека се далеку од Пари Сен Жермен.
„Светците“ славеа победа со 4:0, а можеа да примат и уште некој погодок. Монако оваа сезона има само една победа во сите натпреварувања и таа беше забележана уште во август.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На клупата на Монако неодамна седна легендарниот Тиери Анри кој од денес не може да смета на дури 16 играчи.
„Ќе видам дали можам јас да се регистрирам…Шегата на страна, ќе видиме што можеме да направиме. Следи пауза, оние кои не се повредени ќе играат во своите репрезентации, ќе работам со оние кои ќе останат. Ќе продолжам да се борам“, изјави Анри.
Монако во овој момент се наоѓа на претпоследната позиција и пред нив изгледа е тешка борба за опстанок во лигата, па репрезентативната пауза која следи и тоа како добро ќе им дојде.