Килијан Мбапе вчера се најде во центарот на вниманието откако се појавија најавите дека сака да си замине од ПСЖ.
Во текот на летото тој одлучи да остане во францускиот шампион со кој го продолжи договорот на уште три години иако изгледаше како сигурно да оди во Реал. Сепак, сезоната не започна најдобро за него и се повеќе се пишува дека е незадоволен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вчера се појавија информации дека Мбапе има намера да го напушти ПСЖ уште во јануари затоа што не му биле исполнети одредени ветувања. Најголемиот проблем на Мбапе наводно е тоа што тој сакал да игра како централен напаѓа, а не на крило.
На таа тема зборуваше легендарниот Тиери Анри кој го критикуваше младиот Французин.
„Еве, ќе ви кажам личен пример. Ниту јас не сакав во Барселона да играм на крило, но тоа го правев за екипата. Постои едноставно правило. Ако тренерот бара од вас нешто да направите што ќе помогне на екипата вие тоа ќе го направите“, изјави Анри.
Смета дека Мбапе не се нашол досега да биде во ситуација да не биде по негово.
„Тој никогаш не добил „не“ во кариерата. Му се исполнуваат сите услови. Јас не знам кои се условите затоа што не сум бил таму кога се договорале, но очигледно му пречи што не игра како класична деветка. На крајот клубот е поголем од секого. Но, тука е и прашање дали му ставиле до знаење дека клубот е поважен“, истакна француската легенда.