Италијанските медиуми потврдија дека Милан и Монако постигнале договор за трансфер на португалскиот напаѓач Андре Силва.
Клубот од „кнежевството“ е во потрага по напаѓач кој ќе биде замена за Фалкао, а прва желба на тренерот беше токму Андре Силва.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Скај Италија“ пренесува дека двата клуба постигнале договор и Милан од продажбата на Андре Силва ќе инкасира точно 30 милиони евра.
Португалецот е во САД, но веќе се поздравил со соиграчите и најдоцна утре треба да пристигне во Франција на лекарски прегледи.
„Росонерите“ со продажбата на Андре Силва треба да го финансираат трансферот на Анхел Кореа од Атлетико Мадрид, за кого се спремни да понудат 40 милиони евра.
#Calciomercato | #Milan, fatta per #AndrèSilva al #Monaco: il giocatore ha già salutato i compagni e lasciato il ritirohttps://t.co/gjIHAi8l1O
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) July 21, 2019