Натпреварот помеѓу Англија и Исланд би можел да се одигра во Тирана на стадионот „Аир Алабанија“.
Селекцијата на Исланд пред гостувањето во Англија игра во Данска во Копенхаген, а во Велика Британија има правило сите оние кои на Островот доаѓаат од Данска да мораат да поминат задолжителен карантин од 14 дена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа правило ги спречува Исланѓаните да играат, па во опција се две решенија – или Англија да изгуби службено или да го организира натпреварот на неутрален терен.
Како што пренесуваат англиските медиуми неутралниот терен ќе биде Албанија која минатата година доби фантастичен стадион. Фудбалскиот сојуз на Англија преговара со Обединетото Кралство да се направи исклучок за селекцијата на Исланд, но тоа би било преседан.
Натпреварот помеѓу Данска и Исланд се игра на 15. ноември, а дуелот Англија – Исланд три дена подоцна.