Крилниот напаѓач на Свонси, Роналд стана предмет на потсмев на социјалните мрежи.
На натпреварот од Чемпионшип против Бристол, тој изведе еден од најлошите корнери досега.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во 24. минута овој фудбалер тргна да изведе корнер. Неговиот соиграч Кајл Натон му се понуди и Роналд реши да му игра кратко додавање.
Сепак, следеше вистинска брука. 22-годишниот бразилски офанзивец не успеа да му ја додаде топката на соиграчот кој беше на околу 10 метри од него. Наместо тоа, топката заврши надвор од границите на теренот
Очекувано, коментарите по овој потег се брутални. Несреќниот Роналд стана предмет на потсмев и не му е баш паметно да се вклучува на социјалните мрежи.
Ladies and gentlemen…
— Second Tier podcast (@secondtierpod) March 10, 2024
Swansea City have produced the worst corner in the history of football. https://t.co/0fDLklefO2