Дома Топ вести Англичаните го објавија тимот на Реал за следната сезона, но изгледа како „невозможна мисија“ (видео)

Англичаните го објавија тимот на Реал за следната сезона, но изгледа како „невозможна мисија“ (видео)

Англискиот таблоид „Сан“ го објави тимот кој би можел Зинедин Зидан да го состави во Реал Мадрид, но малкумина тоа сериозно го сватија бидејќи изгледа како „невозможна мисија“.

Со враќањето на Зинедин Зидан на клупата се врати и сјајот на „кралевите“, па веќе на големо се шпекулира со големи фудбалски имиња кои на лето би можеле да пристигнат на „Сантиаго Бернабеу“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Британскиот весник „Сан“ отиде чекор подалеку па дури го состави тимот кој Реал може да го има следната сезона со Зидан на клупата, но тој воопшто не изгледа реално.

Според „Сан“ на голот на Реал Мадрид следната сезона ќе биде Давид де Геа, додека Куртоа после само една сезона ќе го напушти „кралскиот“ клуб и ќе биде ставен на трансфер листа.

Интересно, весникот тврди дека Реал нема да донесе ниту едно засилвање во одбраната, но затоа ќе има комплетно нов среден ред и напад.

Везниот ред ќе го сочинуваат Нголо Канте од Челзи, Кристиан Ериксен од Тотенхем и Погба од Манчестер Јунајтед.

Додека во нападот тврдат дека сигурно ќе пристигне Аден Азар, а заедно со него и двете ѕвезди од ПСЖ, Нејмар и Килијан Мбапе.

Иако историјата не учи дека во фудбалот ништо не е невозможно, сепак овој тим изгледа како „невозможна мисија“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…