Дома Фудбал Останато Ангеловски: Ја следам хрватската лига и задоволство е да се биде тренер тука

Ангеловски: Ја следам хрватската лига и задоволство е да се биде тренер тука

Поранешниот селектор на Македонија, една година по заминувањето од кормилото на репрезентацијата се враќа во фудбалот како тренер на хрватскиот тим Горица.

Ангеловски по претставувањето во Горица ја даде и првата изјава за медиумите.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Ја следам хрватската лига од кога бев селектор на Македонија затоа што многу играчи играа тука. Задоволство е да се биде тренер во ова првенство, лигата е се повеќе квалитетна и мотивација за секој тренер“.

„Нема да се расфрлам со изјави, мојот начин на работа е да одиме полека. Во овој момент најважен ни е следниот натпревар. Наважно е да бидеме добри како тим, тоа треба да ни биде на прво место. Горица поседува квалитет и мислам дека тој може да донесе подобри резултати. Токму и поради тоа се одлучив да дојдам тука“, изјави Ангеловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ги дочека своите „пет минути“: Рибери се изнасмеа на изјавата Роналдо, но има и право! (Фото)

Оваа година, добитникот на “Златната топка” ќе биде објавен во септември по на…