Стефан Даскалов за Спортски од Амстердам
Селекторот Игор Ангеловски денес ја одржа прес-конфереција пред утрешниот последен натпревар во групната фаза против Селекцијата на Холандија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Горан не тренираше затоа што оној натпревар со Украина тој го играше со две блокади, сепак утре тој ќе игра. Ние мораме да ги повториме добрите моменти против Украина за да се бориме против една силна репрезентација да дојдеме до позитивен резултат. Холандија е селекција која важи за фаворит на сите големи натпреварувања, но токму против такви репрезентации треба да се покаже квалитетот.“
„Договорот мој со фудбалската федерација завршува и сакам да кажам големо благодарам до најдобриот фудбалер кој го имала Македонија, Горан Пандев и до сите момци. Сите знаеме каде бевме и до каде стигнавме, резултатите доволно зборуваат. Натпреварот ќе го одработиме максимално професионално, за повеќе не би сакал да зборувам“.
Jaвноста многу ги коментираше позициите на Стефан Ристовски и Бобан Николов на претходните два натпревари во кои запишавме два порази. Селекторот не се согласи со прашањето дека таа позиција на Стефан Ристовски била импровизирана.
„Таа „импровизирана“ позиција на Стефан Ристовски ни донесе победа со Германија, ни донесе победа со Словенија, ни донесе реми со Италија во Торино. Утре ќе ги изберам оние кои треба да играат и се надевам на позитивен резултат. Но, тоа не значи дека утре ќе играме со истата формација“.
Натпреварот се игра со почеток во 18:00 часот.