Дома Македонски спорт Ангеловски: Очекувам максимум од секој поединец, одиме на три бода

Ангеловски: Очекувам максимум од секој поединец, одиме на три бода

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски денес за првпат ги собра играчите пред натпреварите во новата сезона од Лигата на Нации против Ерменија и Грузија.

Вечерва репрезентативците го имаа првиот тренинг, а Ангеловски уште еднаш го потенцираше заедништвото во репрезентацијата кое до сега даде одлични резултати.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Заедништвото до сега ни донесе резултати во минатото издание, очекувам да бидеме во максимално издание, без разлика на ситуацијата. Кога се игра за репрезентацијата секогаш се дава максмимот. Не се сомневам дека играчите тоа ќе го направат во овие два натпревари. Сега мислиме само на Ерменија, ќе влеземе мотивирани за да освоиме три бода. Така и поподготвени би го дочекале натпреварот со Косово“, изјави помеѓудругото Ангеловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…