И покрај тоа што се работи за пријателски натпревар, селекторот Игор Ангеловски и напаѓачот Несторовски најавија победа против Белорусија.
Селекторот Игор Ангеловски ветува дека неговите фудбалери ќе влезат максимално на овој меч со цел да остварат уште една победа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Иако натпреварот против Белорусија е пријателски, ние ќе влеземе максимално ангажирано со цел да оствариме победа. Го гледавме нивниот натпревар против Шведска кој го загубија, но тоа не треба да не залажува бидејќи се работи за селекција која е далку пред нас на ФИФА листата, но ова е можност да го потврдиме нашиот квалитет“, вели Ангеловски.
„Максимално сме фокусирани за овој пријателски меч и сакаме по подолго време да нанижеме две победи во серија. Ние Македонците знаеме да се опуштиме понекогаш по триумф, но сега не е таков случај. Фокусирани сме и ќе дадеме максимум за уште еден триумф. Оваа победа, без разлика што се работи за пријателски натпревар, ќе биде од огромно значење за нас“, изјави Несторовски.