Дома Останати Американската легенда: Да сум на местото на Конор веднаш би се пензионирал

Американската легенда: Да сум на местото на Конор веднаш би се пензионирал

konor lewius

Конор Мекгрегор како што е познато доживеа пораз од актуелниот шампион во лесна категорија, Кабиб Нурмагомедов кој ја одбрани титулата.

Вистински хаос настана после завршувањето на борбата, поради што Дагестанецот го очекува казна од УФЦ. Медицинска суспензија доби и Конор Мекгрегор поради повредите кои му ги нанесе Кабиб.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Американските медиуми пренесуваат дека би можела да го казни и Атлетската комисија во Невада поради случувањата на борбата.

Исходот на неделната борба одлучи да го прокоментира и славниот УФЦ борец Дерик Луис кој истата вечер со нокаут го победи Волков. „Црниот ѕвер“ на 3-ти ноември во Њујорк ќе се бори за шампионскиот појас во тешка категорија со Даниел Корнеир.

Луис смета дека е време Мекгрегор да каже збогум на октагон.

„Мислам дека докажа доволно во овој спорт, заработи богатство повеќе од било кој друг борец. Доколку сум на негово место во овој момент дефинитивно би ја завршил кариерата“, истакна Американецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Анчелоти може да добие отказ и пред крај на сезоната – Перез го избрал наследникот?!

Иднината на Карло Анчелоти во Реал Мадрид не е така сигурна како до пред неколку месеци, а…