Дома Македонски спорт Мак фудбал Алтипармаковски по победата против Македонија Ѓ.П: Овој тим има капацитет, но не се залетуваме

Алтипармаковски по победата против Македонија Ѓ.П: Овој тим има капацитет, но не се залетуваме

Марјан Алтипармаковски и тоа како го оправдува ангажманот во летниот преоден рок издвојувајќи се по десет натпревари како еден од најдобрите стрелци во Првата македонска фудбалска лига.

Алтипармаковски запиша и два гола во убедливата победа од 4-1 против Македонија ЃП, па со вкупно седум погодоци е голгетер број во редовите на „сините“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Овој тим на Брегалница има навистина голем капацитет. Среќен сум што тоа го покажуваме на терен. Но, не се залетуваме секако. Нашата цел е да одиме од натпревар на натпревар. Одличен натпревар одигравме против Македонија ЃП во кој повеќе од заслужено триумфираме. Сето тоа ни носи дополнителен мотив за продолжението од првенството“ – вели Алтипармаковски.

„Сините“ веќе во среда ги очекува осминафиналето од Купот на Македонија против Охрид. Секако со амбиција за пласман во четвртфиналето на најмасовното домашно клупско натпреварување.

„Секако нашата желба е победа и на дуелот против Охрид. Сето тоа ќе мора да го покажеме и на терен, и само со максимален ангажман да дојдеме до посакуваниот триумф“ – дополнува најдобриот стрелец на Брегалница.

Фото: ФК Брегалница

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…