Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Алиоски раскажа за инцидентот со Арнаутовиќ: Дојде во соблекувална и ми се извини

Алиоски раскажа за инцидентот со Арнаутовиќ: Дојде во соблекувална и ми се извини

Инцидентот кој го направи Марко Арнаутовиќ веднаш откако постигна гол крена голема „прашина“ во спортската јавност.

Медиумите открија дека Арнаутовиќ на национална основа го навредувал Алиоски, на што ФФМ остро реагираше и побара најстрога казна од УЕФА.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Алиоски објасни дека ги разјаснил сите нејаснотии со Арнаутовиќ по мечот, бидејќи напаѓачот влегол во соблекувалната на Македонија и се извинил за прекумерната реакција.

„Не можев да го слушнам што викаше бидејќи публиката славеше во тој момент. По натпреварот зборувавме и се смиривме. По мечот дојде во нашата соблекувална, ми подаде рака и ми се извини. Арнаутовиќ дојде како пријател, зборувавме на германски и се разбравме на крајот“, вели Алиоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Нема да ви се верува како денес изгледа Месут Озил

Фудбалската кариера Месут Озил ја заврши минатата година, а од тогаш очигледно поранешниот…