Непосредно пред почетокот на олимпискиот кошаркарски турнир, српскиот репрезентативец Алекса Аврамовиќ го напушти Партизан и потпиша договор со ЦСКА од Москва.
Сепак, постои можност тој да не замине во Русија бидејќи се појавија информации дека за него се заинтересирани неколку НБА клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Озонпрес“ објави дека Аврамовиќ може да се пресели во НБА и тоа во Лос Анџелес Клиперс или Атланта Хокс.
Српскиот кошаркар има клаузула со ЦСКА од Москва, според која по одличните партии во дресот на репрезентацијата во Париз може да оди во НБА лигата до 20. август.
Доколку Аврамовиќ навистина оди во НБА, би можел да заигра со неговиот соиграч од репрезентацијата Богдан Богдановиќ кој е член на Атланта.