Дома Фудбал Италија Алегри: Фаворити сме, но оваа сезона 5 тима ќе се борат за Скудето!

Алегри: Фаворити сме, но оваа сезона 5 тима ќе се борат за Скудето!

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри верува дека оваа сезона во Серија А повеќе тимови ќе се борат за Скудето, за разлика од претходните сезони кога „старата дама“ беше неприкосновена.

Серија А ќе биде отворена утре со натпреварот Јувентус – Каљари, а Алегри иако признава дека неговиот тим ќе биде фаворит, тврди дека ќе биде многу тешко да ја одбрни титулата.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Ако бидеме фокусирани и од првиот ден почнеме со правилен пристап, тогаш сме фаворити. Сепак, мислам дека оваа сезона првенството ќе биде многу понеизвесно и за титулата ќе се борат пет екипи“, истакна Алегри.

„Кога шест години со ред ја освојувате титулата и притоа добро играте во Европа, тешко може да напредувате. Противниците се засилуваат и нема место за грешки. Важно е добро да ја започнеме сезоната бидејќи во последните 6 кола ќе имаме судир со директните ривали“, заклучи тренерот на „бјанконерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хајдук ќе игра натпревар против Осогово во Кочани!

Градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, од Хрватска донесе голема вест за љубителите н…