Масимилијано Алегри наводно нема намера да го задржи Кристијано Роналдо во својата екипа и подготвен е да го продаде во летниот преоден рок.
„Кориере дело Спорт“ тврди дека Алегри смета дека Роналдо го „кочи“ развојот на екипата и поради тоа му порачал на раководството да се ослободи од Португалецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роналдо во Јувентус заработува 31 милион евра годишно, па нема многу клубови кои би можеле да му ја дадат таа плата. Медиумите тврдат дека најверојатна дестинација би била ПСЖ, особено ако Мбапе го напушти клубот од Париз.
Португалецот во минатата сезона беше најдобар стрелец во Серија А, но на многу натпревари не блескаше на теренот и Јувентус едвај обезбеди место во Топ 4.
Роналдо пак нема намера да се откаже од високите примања и сигурно ќе остане во Јувентус доколку некој друг клуб не му ја понуди истата плата.