Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри на пресконференцијата пред утрешниот меч со Сасуоло проговори за „случајот Дибала“.
Алегри го остави на клупа Дибала во изминатите два натпревари, а тоа крена голема прашина во медиумите на Апенините.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинецот сега има резервен статус, а Алегри изјави дека треба да докаже дека заслужува место во стартниот тим.
„Тој не играше на минатите натпревари од стартот поради моите тактички одлуки. Квалитетот на Пауло никогаш не е доведен во прашање, но јас морам да изберам само 11 играчи и дополнителни три кои ќе влезат од клупата. За среќа, отсега ќе играме по три меча во една седмица, а Пауло треба да докаже дека заслужува место во стартните 11“, изјави Алегри.
Алегри потоа проговори и за Роналдо и нема сомнеж дека Португалецот наскоро ќе почне да постигнува голови.
„Мислам дека Кристиано ќе се „проработи“ против Сасуоло. Утре излегуваме против Сасуоло во борба за првото место. Де Ѕерби е еден од најдобрите млади тренери. Марио Манџукиќ ќе биде на теренот покрај Роналдо. Утре може да биде првиот дуел на Емре Џан како стартер“, истакна Алегри.