Дома Фудбал Италија Алегри: Погба и Киеза спремни? Тоа се фантазии

Алегри: Погба и Киеза спремни? Тоа се фантазии

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри даде објасување за состојбата на Федерико Киеза и Пол Погба, кои долго време се рехабилитираат од повреди.

Во италијанските медиуми се појавија информации дека двајцата се спремни за игра.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Киеза и Погба спремни? Тоа се фантазии. Во сабота ќе одиграме контролна за да видиме каква е состојбата на Федерико. Што се однесува до Пол, тој не тренира од 23 јули. Ќе биде вистинска лудост да ризикуваме и да го пуштиме да игра“, изјави Алегри.

„Тимот сега е во подобра состојба, како физички така психички. Победата во градското дерби на донесе спокој. Сега мора да продолжиме да победуваме, иако против Емполи нема да биде лесно“, додаде Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лапорта договорил голем трансфер: Барселона добива засилување од Германија

Сè повеќе се шпекулира дека Барселона веќе го завршила својот прв трансфер за новата сезон…