Јувентус пред неколку дена загуби од Баерн со 2:0 во прителски натпревар, а следниот го играат утре против екипата на Бенфика.
Масимилијано Алегри даде изјава пред следниот меч, а следеа и прашања врзани за Роналдо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најпрво зборуваше за тимот.
„Засега ни оди добро во Америка, особено во дефанзивата. Откако ќе се заврши Америка, ние повторно ќе се сретнеме на 8. август и е имаме 10 дена да се подготвиме за почеткот на шампионатот. Ќе биде тешко, тимовите ќе бидат доста агресивни бидејќи врзавме толку победи, а и доведовме играч каков што е Кристијано Роналдо“, почна Алегри.
Потоа се осврна на следниот противник за кој има само позитивни зборови. Објасни кој ќе игра против Бенфика, како и тоа дека ќе ја користи формацијата 4-4-2, а потоа следуваше клучното прашање врзано за најдобриот играч на планетата.
„Тој е одличен играч и јас сум пресреќен што имам шанса да го тренирам. Тоа за нас може да биде допонителна преност, неговото искуство. Гледам премнгу возбудувања поради неговиот трансфер, а тоа никако не е добро. Кристијано е роден шампион, но тоа е нормално, тоа мора да биде нормално. Што му кажав на Роналдо кога се видовме? Зборуваме за среќата, како и одлуката која ја направи, но тогаш беше неговиот одмор и не сакавме да зборуваме за фудбалот“, беше јасен тренерот на Јувентус.
Роналдо дефинитивно го потресе сиот свет со својата одлука, а сега останува да се покаже како вистински шампион во Јувентус кој околу него гради фантастичен тим за конечно да ја освои Лигата на шампионите.
Исто така, важна информација е дека Роналдо нема да игра во следниот меч, како и тоа дека се очекувана тренинг во понеделник.