Иако до неодамна актуелни беа шпекулациите за евентуална смена на Масимилиано Алегри, сепак искусниот стратег сигурно и во иднина ќе остане на кормилото на Јувентус.
„Газета дело Спорт“ објави дека Алегри разговарал со спортскиот директор Кристијано Џунтоли за новите засилувања за следната сезона.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Раководството на Јувентус е задоволно од Алегри и планира да го задржи до крајот на договорот, по што постои опција да се почнат преговори за нова соработка.
Алегри има договор со Јувентус до јуни 2025 година, а оваа сезона се бори за Скудетото и врши одлична работа.